![]()


Скопје, мај 2009 година
Родителите како активни и главни партнери на проектот: Интегрирано двојазично основно училиште "Фридтјоф Нансен" имаат клучна улога во осмислувањето, креирањето и реализирањето на голем број разновидни училишни и воннаставни активности.
Тие се истовремено и во улога на наш непосреден линк со локалната средина поради што се истовремено и во улога на соработници, насочувачи, евалуатори и промотори на проектот и неговите придобивки.
Родителите ќе треба да се анимираат и мотивираат за преземање на партнерска улога во креирањето на обележјата на ефективно и креативно основно училиште облагородено со двојазичната компонента како негово квалитативно обележје.
И во текот на оваа учебна година (2009/2010) се предивдени повеќе активности и содржини за родителите, а особено внимание ќе се обрне паралелно да се надминат и стереотипите поврзани со родовите улоги со што директно би се извршило позитивно влијание врз женскиот дел од родителската поплуација и постапно преземање на иницијатива и одговорности во активното следење на севкупниот детски развој од нивна страна.
Дел од планираните содржини ја предвидуваат и соработката и со поширокото семејство што ќе го овозможи спонтаното поврзување и запознавање на семејствата со различни етнички, јазични, верски, културни обележја и вредности, но и врз формирањето на позитивен став и кон проектот.
Со цел развивање и продлабочување, како и зајакнување на меѓусебната доверба на релација: училиште-стручен тим-менаџмент на училиштето-родители се предвидува спроведување на повеќе едукативно-креативни работилници коишто ќе третираат различни теми во непосредна корелација со фазите, стадиумите во психо-моторно-социјалниот развој на децата.
Со ваков пристап кон овие комплексни прашања, ќе се овозможи сензибилизирање на родителите за важноста од внимателно следење на севкупниот детски развој, како и детектирање и ползување на потенцијалите на зоната на актуелниот и идниот развој кај секое дете.
Воедно ќе се посочат повеќе придобивки, но и важноста од индивидуализираниот пристап усогласен со развојните карактеристики кај децата.
Родителите како важни партнери во непреченото спроведување на овој облик на едукација, воедно ќе се поттикнуваат и поддржуваат во волонтерското вклучување во текот на целата учебна година.
Сите наведени обележја на планираната соработка со родителите истовремено ќе помогнат и влијаат врз градењето на ефективно и ефикасно основно училиште - што е заедничка цел на сите инволвирани субјекти.
Унапредување на соработката и довербата на родителите кон училиштето и наставничкиот тим;
Промовирање на активна улога на родителите во осмислувањето, изведувањето и евалуирањето како на наставните, така и на воннаставните активности;
Зајакнување на соработничките односи помеѓу родителите со различно етничко, верско, културно потекло;
Продлабочување на животните вештини кај родителите како и формирање на навики кај нив за континуирано самообразование;
Поттикнување на самодовербата кај родителите како и на позитивен однос кон другите членови на групата.


![]()
| МЕСЕЦ | ТЕМА |
Септември 2009 |
Социјалните вештини кои го олеснуваат поаѓањето во училиште - (за родители чиишто деца се запишани во прво одделение)
Соработливо дете - (за родители чиишто деца се ученици во второ одделение) |
Ноември 2009 |
Развојната мапа на моето дете (психо-социјален-емоционален-моторен развој)- (за двете групи на родители) |
Февруари 2010 |
Конструктивно решавање на конфликти - (за двете групи на родители) |
Април 2010 |
Причините за стравот кај децата - (за двете групи на родители) |
![]()


![]()
Изборот на активностите е извршен во корелација со предвидените содржини во рамките на етно, еко, уметничка драмска секција, како и според програмските ситуации содржани во Програмата за образование за мир и толеранција (коишто се предвидени за учениците од прво одделение), како и во корелација со планираните воннаставни содржини во второ одделение, а зададени во рамките на: уметничка, драмска, сообраќајна, математичка секција, како и во секцијата: Мали истражувачи).
| МЕСЕЦ | ТЕМА |
Септември 2009 |
Помош околу уредувањето на училишниот хол, трпезаријата, училниците - (прво и второ одделение) |
Октомври 2009 |
Заедничка посета на културно-уметничко друштво (фолклорно друштво) во Тетово - (прво одделение)
Помош во реализација на заедничка посета на Автобуска станица - (второ одделение) |
Ноември 2009 |
Помош и соработка околу обезбедувањето на материјали потребни за етно-секцијата (ќилим, носии и сл.) - (прво одделение)
Заедничка посета на здравствена установа, во рамките на секцијата: Мали истражувачи - (второ одделение) |
Декември 2010 |
Помош и соработка околу организирање на Новогодишната приредба - (прво и второ одделение) |
Февруари 2010 |
Помош околу обработка на тамата: Накит во рамките на етно-секцијата- (прво одделение)
Учество во организирањето и реализирањето на посетата на скопскиот аеродром- (второ одделение) |
Март 2010 |
Заедничко организирање на 8. мартовската приредба за мајките - (прво и второ одделение) |
Април 2010 |
Помош околу организација на 1.априлското дефиле- (прво и второ одделение)
Заедничко подготвување околу прославата на Велигденските празници (бојадисување на јајцата и сл.)- (прво и второ одделение) |
Април 2010 |
Заедничко реализирање на темата: Рецепти на нашите баби (етно-секцијата)- (прво одделение)
Креативна работилница: подготвка на кукли за завршната куклена претстава- (второ одделение) |
Април 2010 |
Заедничко организирање на етно и еко изложба, мини-ликовната колонија, како и голема завршна претстава и приредба- (прво одделение)
Помош околу организирање на сообраќајно катче, научно-истражувачко катче, изложба и завршна куклена претстава- (второ одделение) |
![]()

