
По поводот 17 Мај – Денот на конститутивноста на Норвешка во знак на благодарност кон донаторот и финансиерот на проектот Интегрирано двојазично основно училиште , во просториите на училиштето се изведе свечена приредба поддржана со кус говор на директорот на НДЦ-Скопје, Сашко Стојковски и градонашалникот на општина Јегуновце: Тони Коцески.
Честитките, благодарноста и желбите од училиштето на норвешкиот народ ке им ги пренесе г-ѓа Бенте Кнагенхелм претставник на менаџментот на Нансен мрежата од Норвешка која не удостои со своето присуство по повод овој настан.
Се ова ке изгледаше премногу сериозно доколку учениците не ги замешаа своите прсти. На изненадување на сите гости и родители, а со подршка на своите наставнички и тимот на НДЦ-Скопје, ги евалуираа спомените од минатогодишната победа на Норвешка на Евровизија.
Како вистински професионалци Сара Симовска, Анита Алити и Дритон Фејзули во улога на Елена Ристеска од Македонија, Кејси Тоља од Албанија и Александар Рубек од Норвешка ги претставија своите држави и ги освоија симпатиите, воздишките и долгите аплаузи на присутните.
Настанот го затвори г-ѓа Бенте Кнагенхелм која кратко зборуваше за значењето на овој ден за Норвешка, благодарноста за поканата и уверувањето дека на изборот за песна на Евровизија 2010 год во Осло ке гласа за Македонија со напомена дека оваа Евровизија која се реализира во училиштето е многу побава бидејки е изведувана од деца.
А сега ве оставаме преку слика да бидете и вие дел од одбележувањето на овој ден и оваа наша детска Евровизија.
Трет ден Велигден. Како што е традиција пријателите одат едни кај други на гости и меѓусебно разменуваат црвени велигденски јајца кажувајки си Христос Воскресе – Навистина Воскресе.
Денес и ние наставничките и учениците од ИДОУ "Фридтјоф Нансен" од с. Прељубиште бевме на Велигденска трпеза кај семејството Симоски во с. Прељубиште.
Целта на оваа посета е првооделенците од двете етнички заедници да се запознаат со традиционалните обичаи по повод празникот Велигден.
На влезот во нивниот, дом не пречека домаќинката Лидија Симоска со топло добредојде, а потоа се погрижи секое дете да се смести на богатата велигденската трпеза, подготвена од нејзина рака. На трпезата освен храна имаше велигденски украси, корпа со јајца бојадисани во разни бои. Задоволството кај децата беше големо.
На излегување од домот како што е и обичајот домаќините на секое дете му дадоа по едно црвено велигденско јајце.
Голема благодарност до семејството Симоски кои допринесоа учениците и ние да се чувствуваме пријатно во нивниот дом, и да си ја исполниме целта на нашата посета.
На датум 01.04.2010, ден четврток, денот на шегата, или Априлијадата, сите ученици од I и II одделение, од селото Прељубиште, беа маскирани од дома со различни носија кои беа многу убави.
Откако дојдоа на училиште, заедно организирано тргнавме за на кај училиштето од селото Жилче, каде што се собравме заедно со учениците од тоа училиште, кои истотака беа многу убаво маскирани, па затоа и ние им се придруживме, со тоа што дефилиравме заедно низ улиците од селото, т.е. од училиштето во селото Жилче до стадионот од селото.
Кога пристигнавме во стадионот, сите деца се подредија, и тогаш се одбраа најубаво маскирани ученици. Меѓу најубаво маскирани ученици, на наше задоволство беа и учениците од нашето училиште, и тоа „Снежана и седумте џуџиња“- (Кате-Снежана, и Рилинд, Јулед, Ади, Ветон, Дрилон, Ахмет, Љавдрим-седум џуџиња), и „Скелет“-(Игор).
На крај на децата им подарија по едно мало поклонче како нагрда за победата, и после тоа се вративме на училиште каде што продолживме со воннаставните активности.